Димитријевиќ блесна против Локомотив, но не го спаси Уникс од пораз!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен меч за Уникс Казан, но неговата екипа загуби од Локомотив Кубан со 83-89 во третиот меч од полуфиналната серија во ВТБ-лигата.

Уникс на полувремето имаше водство од 57-54, но Локомотив одигра одлична трета четвртина и во последните 10 минути од мечот влезе со предност од 67-62.

Димитријевиќ заедно со неговите соиграчи успеаја да го вратат Уникс во трка за победата, меѓутоа Локомотив беше подобар во завршницата и оствари триумф од 89-83 за предност од 2-1 во полуфиналната серија.

Рејнолдс беше најефикасен кај Уникс со 24 поени, додека Димитријевиќ постигна 19 поени, осум асистенции и два скокови.