Чековски стана тим-менаџер на кошаркарската репрезентацијата
Македонија за три дена гостува во Данска во Нествед на првиот меч од новиот циклус, а Чековски сега е приклучен на македонската селекција. Поранешниот кошаркар на Работнички и МЗТ Скопје, кој играше до својата 40-та година, се враќа на функционерска позиција после неколку месеци пауза, откако на почетокот на годинава си замина од позицијата спортски директор на најтрофејниот клуб во земјава.
Покрај за двата најголеми клубови во Македонија, Работнички и МЗТ, Чековски играше и за Алумина, Слован, Приштина, Академик, Черкаси Мавпи, Феро и Фени Индустри.