Залетаниот МЗТ против ривал од кого ретко губи брка „два од два“ во АБА2!

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва, против словенечка Рогашка (21 часот), ќе го одигра вториот меч од новата сезона од АБА2, во меч во кој ќе се обиде со максимален ефект да го заврши настапот на турнирот на Златибор.

Аеродромци одиграа фантастично во завчерашниот прв дуел против Младост Земун (97-90), кој важи за еден од главните фаворити за највисок пласман, поради што како голем фаворит влегуваат во вечерашната пресметка. Згора на тоа, на нивна страна е и традицијата, со оглед што имаа три победи во досега одиграните четири меча против денешниот противник.

Од сино-белиот табор најавуваат нова агресивна партија, со многу трчање и трансформации и користење на квалитетната центарска линија, но и на прецизниот шут, во што пред два дена блескаше Дамјан Робев со 30 поени и со шест тројки со само едно промашување. Тимот е комплетен, без повреди, што е добар знак за тренерот Дарко Радуловиќ да може да го излезече максимумот од сите во обидот вторпат по ред да ги израдуваат своите навивачи.