ТФТ загуби и од Хелиос во АБА2 лигата

ТФТ Скопје загуби од Хелиос со 70-63 на последниот меч од турнирот во Златибор од АБА 2 лигата.
 

Македонскиот тим играше одлично 35 минути, на моменти имаше и висока поредност, но на крајот не успеа да го изненади тимот кој беше фаворит во овој дуел.

Највисокото водство ТФТ го имаше на крајот од првото полувреме кога имаше предност од 40-33, на средината од третиот период водеше со 46-41, но потоа почна да паѓа. Хелиос го презема водството и на крајот дојде до триумф од 70-63.

Џелани Симонс беше убедливо најдобриот играч на мечот со 21 поен. ТФТ од Златибор заминува како претпоследен на табелата со 1 победа и четири порази.