
Србија ја продолжи доминацијата во баскет – шеста светска титула!
Србите кои доминираат во баскет перфектно дојдоа до нова круна откако по совршениот скор во групната фаза ги елиминираа домаќините Австрија во четвртфиналето, па Летонија во полуфиналето, а сега САД во финалниот меч, иако во самата завршница влегоа со негатива од три поени.
За Србија светската титула ја обезбедија Дејан Мајсторовиќ за кого ова е петто светско злато, Страхиња Стојачиќ, Михајло Васиќ и Марко Бранковиќ.
Со оваа светска титула Србите си обезбедија квалификации за ЛОИ во Париз идната година.