Скопје за малку ќе го видеше најатрактивното забивање во европската женска кошарка! (ВИДЕО)

Македонската престолнина Скопје деновиве е домаќин на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, за кошаркарки на возраст до 18 години на кое вчера за малку ќе го видевме сигурно едно од најатрактивните забивања во историјата на женската кошарка на Стариот континент.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

We 👀 you @awak.kuier 🇫🇮 ! #FIBAU18Europe

A post shared by FIBA (@fiba) on

Фантастичната акција помеѓу Александар Арнио и Авак Куер се случи во финишот од првата четвртина од мечот помеѓу Финска и Косово, кога финските кошаркарки при водство од 25-4 направија брз контранапад, кој за малку не беше завршен со цепелин од табла. Вакви атракции се реткост и во машката кошарка, а во женската може да се избројат на прстите на една рака и тоа најчесто во САД.