Работнички има десет дена да плати 25.000 евра за да игра во АБА2!

Поранешниот шампион на Македонија, Работнички официјално доби вајлд кард за настап во АБА 2 лигата идната сезона.

Покрај Работнички, покани добија Босна од БиХ, Теодо од Црна Гора и Вршац од Србија со тоа што сите четири треба да уплатат 25 илјади евра до 1 јули, во спротивно, поканата оди кај друг клуб имајќи предвид дека уште четири чекаа(т) на ред. Освен тоа, до 4 јули, сите клубови, вклучувајќи и МЗТ Скопје и Пелистер треба да го потврдат своето учество во вториот ранг на натпреварување на АБА.

Од оваа сезона ќе се игра по изменет систем, екипите ќе бидат распоредени во четири групи со по четири члена, а пласман во следната фаза обезбедуваат најдобрите две од секоја група.