Пресврт во најава: Дубаи место во АБА, ќе игра во српската лига!?
Поради проблемите кои се појавија при приемот на клубот од Дубаи, пред се иницирани од Партизан и Будуќност, селекторот на српската репрезентација Светислав Пешиќ предложи тој да игра во КЛС. Според информациите од нашиот северен сосед, донесена е условна одлука, клубот од Обединетите Арапски Емирати да биде вклучен во српското првенство, а тој сам ќе си ги покрие сите трошоци.
Уште е нејасно како ќе се изведе сето ова и каде Дубаи би ги играл своите натпревари како домаќин. Претставникот на Партизан повторно бил воздржан по прашањето за приклучување на тимот од Дубаи на овие простори.
Како тренер на Дубаи е најавен Светислав Пешиќ, но тој упорно негира дека е вклучен на каков било начин во овој проект.