Детали за состојбата на Кузмиќ: Кошаркарот е во кома (ФОТО)

Огњен Кузмиќ утринава имал тешка сообраќајна несреќа во близина на Бања Лука. Кошаркарот на Црвена Звезда со своето „Порше“ директно се судрил со возило „БМВ“. 

Српскиот репрезентативец моментално се наоѓа во кома и ги има скршено двете вилици. Има тешки повреди на градниот кош и на главата По сообраќајката итно беше пренесен во Клиничкиот центар Република Српска, но според најновите информации тој е на пат кон Белград. 

„Кузмиќ во директен судир ги скрши двете вилици и моментално се наоѓа во кома. Според зборовите на докторот Владе Џајиќ, нема хематом на мозокот, но повредите се доста сериозни и бараат кошаркарот да биде транспортиран во Белград“, се вели во текстот на „Газета.ба“.

Ова се и фотографии од местото на несреќата.