Поранешен светски шампион и дедо на Владо Илиевски боледува од леукемија!

Еден од најдобрите словенечки кошаркари на сите времиња, Петар Вилфан, кој кај нас е познат и како татко на сопругата на Владо Илиевски, денеска во емотивно обраќање до јавноста откри дека боледува од редок вид на леукемија.

Тој во моментов работи како коментатор на една словенечка телевизија, но најави повлекување со цел да се бори против тешката болест.

„Годинава го организиравме 28. издание од кошаркарскиот камп во Струњан, каде што првпат од формирањето јас не бев таму да работам со талентите. Причина за тоа се медицинските проблеми односно фактот што неодамна ми беше дијагностициран редок вид на леукемија. Имав обична настинка поради која отидов на лекар и откритието беше шокантно. Велат дека состојбата може да се излечи, во моментов сум во болница каде што редовно одам на хемотерапии и верувам дека тоа ќе даде резултат. Верувам дека ќе победам и во овој натпревар, како и на многу други досега. Имам доверба во лекарите и сигурен сум дека ќе славиме на крајот“, напиша Вилфан.

Сланува збор за поранешен светски шампион со СФР Југославија од 1978 година, кој во кариерата настапуваше за Југопластика, Олимпија и за Партизан. Тој беше прв капитен на словенечката репрезентација по распадот на некогашната заедничка држава.