Поранешен играч на Кожув ги збудале противниците на баскет-турнирот во Токио (ВИДЕО)

Еден од најдобрите баскетчии на светот, Душан Домовиќ-Булут, кој пред седум-осум години го носеше дресот на македонскиот прволигаш Кожув, го имаше најдобриот потег на денешниот ден на баскет-турнирот во Токио.

Српскиот ас имаше луцидна асистенција од зад грб и тоа без гледање, со што ги остави противниците во чудо, а на соиграчот му овозможи лесни поени. Србија ја совлада Кина со 22-13 за успешен старт, а потоа, далеку потешко од очекувањата, беше подобра од Холандија (16-15).

На олимпискиот турнир настапуваат осум селекции, кои откако ќе одиграат меѓу себе според еднокружен систем, двете првопласирани ќе се пласираат директно во полуфиналето, додека тие со пласман од третата и шестата позиција ќе играат четвртфинале, по што ќе се знаат најдобрите четири репрезентации.