Новата ѕвезда на Партизан ја давел и ѝ скршил ребра на девојката, а сакал и да се – убие!

Летонскиот интернационалец со НБА-искуство, Родионс Курукс, е најзвучното име кое летово потпиша договор со Партизан, кој под палката на Жељко Обрадовиќ подготвува можна екипа која би ги нападнала трофеите во АБА и во Еврокупот.

Станува збор за поранеше играч на Барселона, Бруклин нетс, Милвоки бакс и на Хјустон рокитс, со релативно темна страна во карактерот. Српските медиуми денеска информираат дека Курукс во 2019 година бил уапсен, а подоцна и осуден за давење на тогашната девојка, која двапати ѝ удрил шлаканица, ја гризнал за усната и ја фрлила на креветот при што ѝ скршил две ребра. Истовреме, пред физичкиот напад, тој се заканувал дека ќе се самоубие и дека дури и земал нож за да го стори тоа, по што гневот го насочил кон девојката. Тој бил прогласен за виновен и му било одредено да мине низ 16-неделен програм за спречување на насилството.

Летонецот потпишал две годишен договор со белграѓани, но со можност да замине во НБА ако добие примамлива понуда.