Идната сопруга на Богдановиќ глуми во филм со МНОГУ секс (ВИДЕО)

Еден од најдобрите српски кошаркари на неодамна завршеното Европско првенство (ЕП) во Истанбул, Богдан Богдановиќ, периодов е интересен за медиумите и поради својата нова девојка, која е актерка што зад себе има контроверзна улога во филм со многу експлицитни сцени со секс, со која пред извесно време се свршил и најавил скоро одржување на свадба.

Новиот член на Сакраменти кингс со Јована Стоиљковиќ се запознал на свадбата на репрезентативниот колега Милош Теодосиќ, по што речиси редовно е забележуван во нејзино друштво, а заедно биле и на одмор на грчкиот остров Миконос.

Младата актерка е најпозната по улога во филмот „Панама“, кој крена голема бура во српските медиуми поради големиот број сцено си секс во која таа е во главна улога. Таа потенцира дека на почетокот и било многу непријатно, но потоа се ослободила и уживала во тоа што го правела пред камери.

Медиумите од Балканот сега ја ставаат на самиот врв од листата на најубави девојки на кошаркарите кои блескаа на Евробаскетот, заедно со убавицата која е заедно со словенечкото „чудо од дете“, Лука Дончиќ.