„Нема дозвола за влез на Дубаи и нема проширување на АБА-лигата“

Претседателот на Будуќност, Драган Бокан за црногорските медиуми кажа дека влез на Дубаи во АБА-лигата е невозможен затоа што не постои правен основ за такво нешто.

Откако клубовите акционери во АБА-лигата, освен Будуќност и Партизан, гласаа за влез на клуб од Обединетите Арапски Емирати во регионалното натпреварување Бокан кажа дека одлуката не е легална.

„Нема влез на Дубаи и проширување на лигата. Зошто? Затоа што не може да се донесе одлука со мнозинство, туку мора да биде донесена едногласно. Само таква одлука може да ги менува позициите на натпреварувањето и да се прошири лигата“, кажа првиот човек на Будуќност.