Му го скршија носот на Алекса Аврамовиќ...

Партизан повторно има многу проблеми на гостување кај Цедевита Олимпија и не успева да го скрши отпорот на словенечкиот првак, на мечот што денеска се игра во Љубљана во АБА лигата.

Тешкото прво полувреме го одбележа и судирот меѓу Алекса Аврамовиќ и Јака Клобучар од кој кошаркарот на Партизан илезе со скршен нос. По неколкуминутно укажување помош, Аврамовиќ замина во соблекувална, веројатно на нова интервенција и детали прегледи.

Ова не му е првпат да доживее повреда на лицето. Минатата сезона, во еден подолг период носеше маска која сега би можел да ја врати во употреба.