Мега-скандал во Грција: Својот репрезентативец го нарекоа - мајмун!
Калемис го нарече грчкиот кошаркар, кој има корени од Нигерија, - мајмун,
Што рековме дека тој мајмун прави точно? О да, тој игра кошарка. Индиферентен, дури и ирелевантен. Тој треба да знае кој ја почести Грција со овој спорт. Благодарност. Тој не е човек, тој е шу*ак, е*ен црнец“, беа ужасните коментари на Калемис за преземениот текст на „Прото тема“ од „Бличер репорт“ со наслов „Моќна приказна за потеклото на Јанис Адетокумбо.
Веднаш штом јавноста со право го нападна Калемис, тој го избриша својот личен профил на Твитер. Сепак, срамот веќе пукна, па надлежното министерство реагираше брзо.
Калемис веднаш беше отстранет од позицијата координатор за образование во Центарот за сместување на бегалци во Малакаси, каде што е вработен од 2017 година. Ние недвосмислено го осудуваме ваквото расистичко и многу навредливо однесување, напиша министерот за образование и религија во грчката влада, Ники Карамеус.