Медиумите го промовираа Пешиќ за селектор на Србија, тој им одговори: Немате попаметна работа!

После дебаклот на Србија во олимписките квалификации и необезбедувањето на виза за кошаркарскиот турнир во Токио, северниот сосед го смени Игор Кокошков од селекторската функција и сега нов кормилар на „орлите“ би требало да биде – Светислав Пешиќ.

Како што објави „Блиц“, веќе е донесена одлуката во кошаркарскиот сојуз на Србија за враќање на Пешиќ на селекторската функција, а за легендарниот кормилар кој е без работа во моментов после заминувањето од Барселона, се враќа да биде селектор после две децении.

И ова е вторпат како Пешиќ во последниве два месеци се поврзува со селекторската функција, ама официјално нема ништо. Тој, пак, за српската агенција Танјуг одговори на шпекулациите за враќањето на кормилото.

„Ние во Пирот велиме – си немате друга работа...“, рекол Пешиќ

Под негова палка, Србија во 2001 година стана прво европски првак во Турција, а една година потоа стигна и до светската титула во Индијанаполис.