Лекарите се борат за него: Поранешен тренер на Црвена звезда имаше мозочен удар!

Поранешниот југословенски репрезентативец и тренерна Црвена звезда во повеќе наврати, Александар Трифуновиќ, кој во моментов е прв стратег на босанскиот АБА-лигаш Игокеа, денеска имал мозочен удар по што веднаш бил хоспитализиран.

На Србинот му се слошило додека се подготвувал за тренинг, но успеал да му се јави на својот помошник и поранешен кошаркар на Ц. Звезда и Игокеа, Вук Радивојевиќ и да побара помош од него. Тој во моментов е под лекарски надзор, но допрва ќе треба да се утврди колку ќе треба да мирува, односно колку време ќе отсуствува од клупата на тимот од Лакташи.

Трифуновиќ (52 години) пред Игокеа работеше уште како тренер и на Пинар Каршијака, Астана, Жалгирис, Литвос Ритас, Спартак Санкт Петербург и Паниониос.