Легендарниот Дуда го открил Антетокумпо и сакал да го донесе во Раднички

Легендарниот кошаркарск тренер Душан Дуда Ивковиќ во едно интервју откри дека НБА-ѕвездата Јанис Антетокумпо го открил на 15-годишна возраст и сакал да го донесе во Раднички.

Дуда разговарал со луѓето од Олимпијакос и Ефес и им го предложил Антетокумпо, но никој не го сакал грчкиот ѕвер.

„Првпат го видов на 15-годишна возраст. Го гледав синот на еден мој другар и забележав неверојатно дете. Му предложив на Олимпијакос да го земеме, но постоеше некоја обврска од 200.000 евра која го поврзуваше со Сарагоса. Кога видов дека Олимпијакос не сака да инвестира во млади кошаркари, му се јавив на еден пријател кој беше во Ефес и му кажав дека има одличен кошаркар во Грција. Тој испрати искусен тренер, кој кажа дека не ги интересирале такви кошаркари“, вели Дуда.

Дуда потоа сериозно размислувал да го донесе во Раднички.

„Решив да вложам пари за да го донесам во Раднички, кој стигна во финалето на Купот. Не го направив тоа за да не зборуваат дека се занимавам и со менаџерство“, откри легендарниот тренер.

Поранешниот кошаркарски тренер почина денеска на 78-годишна возраст.