Куманово се отпиша од БИБЛ со драматичен пораз од Хапоел Холон

Куманово во последниот натпревар од втората фаза во БИБЛ-лигата загуби на гостувањето кај фаворитот Хаопел Холон со 98-96 во рамки на 4.коло од групата Г.

Нашиот состав немаше шанси за прогрес и да победеше, но сепак одигра достоинствено и можеше да направи големо изненадување. Куманово водеше во најголем дел од натпреварот, а највисоката предност изнесуваше +11 и тоа во финишот на втората четвртина. На полувремето  нашиот состав имаше 45-53. Израелскиот тим го доби натпреварот во самиот финиш со 98-96 и не дозволи изненадување.