Комунистите сакале големиот Крешимир Ќосиќ да го сместат во – лудница!

Крешимир Ќосиќ е еден од најдобрите кошаркари во историјата на овој спорт во некогашна СФР Југославија, но и еден од најнапаѓаните од тогашната власт, особено по враќањето од универзитетските студии во САД каде што ја примил мормонската вера додека играл во Јута.

Според Дик Хармон, колумнист за весникот „Десерт њуз“ од оваа американска држава позната по големиот број мормонски заедници, високиот центар, кој во аматерската кошарка освои речиси сѐ што можеше да се освои, имал големи проблеми со комунистите кои во негово време биле на главните политички позиции во државата.

„Комунистите му правеле големи проблеми на Ќосиќ поради неговите верски погледи и црквата на која ѝ припаѓал. Тие го следеле и му се заканувале. При една прошетка низ Задар со поранешниот тренер Глен Потер, во еден момент некој дотрчал до Крешо и нешто му кажал, по што со трчање се оддалечил. На Потер ништо не му било јасно, но потоа кошаркарот му објаснил дека човекот дошол од состанок на Комунистичката партија на Југославија со задача да го предупреди да престане да проповеда и прозива или, во спротивно, ќе го сместам во лудница“, пишува во колумната на Хармон.

Прославениот задарски тренер, Џузепе Ѓерѓа, ги поткрепува овие тврдења од САД, со оглед што многу добро знае што сѐ му се случувало на легендарниот центар.

„Крешо имаше големи проблеми со комунистите поради мормонската вера. Тоа не е ни чудно, бидејќи проблеми имав и јас како римокатолик. Дури и не уапсија еднаш во пет часот наутро бидејќи дадов интервју за црковен весник. Такви времиња беа тогаш“, изјави Ѓерѓа.

Главна причина што на тогашната тајна полиција на СФРЈ ѝ пречела мормонската вера било нивното верување во полигамија, односно дозволата еден маж да има повеќе жени. Ќосиќ првпат со мормоните дошол во контакт на Брингам јанг универзитетот.

Повеќе за проблемите и кариерата на Ќосиќ прочитајте на следниот линк.