И ривалите се фаќаа за глава: Стравична повреда на кошаркар на Фенер (ВИДЕО)

Во овие моменти во турскиот шампионат играат кошаркарите на Фенербахче против Бујукчемече, а на почетокот на средбата се случи една страшна повреда.

Кошаркарот на Фенербахче, Тајлер Енис доживеа лоша повреда на коленото во почетните минути, па мораше да ја напушти играта, а според информациите тој бил веднаш пренесен во болница.

Изразот на лицата и реакциите на ривалите доволно зборуваат за каква повреда станува збор.