Хуманоста пред личната промоција: Хрватски кошаркари анонимно донираа дури 300.000 евра!

Актуелни и поранешни кошаркарски репрезентативци на Хрватска, но и селектори, тренери и членови на стручниот штаб на националната селекција заеднички собраа нешто повеќе од два милиони куни (300.000 евра) за помош на борбата против пандемијата со коронавирусот, но и за обнова на болница во Загреб, која беше оштетена во неодамнешниот разорен земјотрес во овој град.

Единствениот услов на хуманите спортисти било акцијата да биде групна, односно да нема издвојување по имиња за тоа кој донирал и колку, со цел акцентот да биде ставен на донацијата, а не на нивната промоција.

„Желбата ни е да му помогнеме на во моментов најранливиот сегмент од општеството, здравствениот сектор, за адекватно згрижување и заштита на пациентите и медицинскиот персонал, кои во овие тешки времиња се наоѓаат во првите борбени редови. Акцијата ја направивме со цел дека ќе дадеме наша помош во борбата со коронавирусот, да се обнови и санира болницата во Петровата улога, како и да се набават потребните медициски средства и лекови. Можеби во моментов не сме физички заедно, но срцата ни се на исто место – со Хрватска и Загреб“, е заедничката порака на хрватските кошаркари и тренери.

Хрватите имаа голем број кошаркари кои настапуваат во НБА, како и во најсилните европски земји, кои одделија дел од своите милионски договори за помош на своите сонародници. Во Македонија, засега, нема официјална потврда за хуманитарна помош од страна на спортистите.