Хрватите удрија по тренерот на Партизан зашто пред клучен меч им го „украде“ Американецот!

Хрватската кошаркарска репрезентација се соочува со проблеми пред утрешниот квалификациски натпревар за ЕП против Кипар, бидејќи нема да може да смета на натурализираниот Американец, Џејлин Смит, кој настапува за Партизан.

Тој го одигра завчерашниот меч кој „коцкестите“ го загубија на гости кај Франција, но нема да им помогне на соиграчите на исклучително важната утрешна пресметка, бидејќи доби наредба да се врати во клубот. Според хрватските медиуми, тренерот на црно-белите, Жељко Обрадовиќ, имал решавачко влијание за ваквата одлука на Смит, бидејќи тој побарал сите репрезентативци од неговиот клуб веднаш да се вратат во Белград со цел да бидат подготвени за следните предизвици на црно-белите.

Напорите на кошаркарите на Партизан да ги исполнат барањата на Обрадовиќ дојдоа до израз преку ситуации како што е патувањето на Бруно Кабокле, кој помина по околу 15 часа во авион да одигра само еден меч за Бразил, а слично искуство имаше и Џејлен Смит, кој играше само на еден натпревар, поради што Хрватска ќе биде ослабена на следниот натпревар. Идентична судбина го снајде и Зек Ледеј, новопечениот репрезентативец на Азербејџан.

Партизан се соочува со императив да победи во натпреварот од 27. коло на Евролигата против Анадолу Ефес за да остане во трка за плеј-оф или плеј-ин. Натпреварот закажан за в четврток, поради што легендарниот тренер сака да има што повеќе тренинзи со комплетниот тим. Но, ова инсистирање на Обрадовиќ важи само за странците, но не и за српските кошаркари, со оглед што има петмина партизановци во селекцијата на Србија, која квалификациите ги почна со триумф против Финска, а која утре ќе ѝ гостува на Грузија.