
Хезоња како Касандра: По многу драма и пресврти реши да остане во Реал Мадрид!
Ова значи дека сагата е завршена и дека хрватскиот репрезентативец нема да ги засили Барселона, Панатинаикос или Партизан, но и дека нема да се обиде повторно во НБА лигата. На Барса не ѝ се допадна неговото однесување, односно изјави по освојувањето на шампионската титула во Шпанија, а сето тоа резултираше со поништен договор.
Хезоња сакаше да ги реши сите дилеми пред почетокот на квалификациите за Олимписките игри, бидејќи има обврски со националниот тим и по новиот договор со „кралевите“ може мирно да ѝ се посвети на хрватската репрезентација.