Црвена Звезда закажа финале во АБА против лутиот ривал Партизан (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена Звезда се пласираа во финалето од плејофот во АБА-лигата со вкупен резултат 2-1 откако вечерва ја совладаа Олимпија Цедевита со 88-78. 

„Црвено-белите“ имаа сигурно водство во текот на целиот натпревар, а најмногу со +20 во третиот период. Никола Калиниќ со 15 поени ги предводеше белграѓани, Никола Ивановиќ имаше 11, додека 10 реализираше Огњен Добриќ. Кај гостите најдобар беше Кевин Дуан Јоги Ферел јуниор со 25 поени, а Зоран Драгиќ имаше 21 поен.

За Црвена Звезда ова е седмо финале по ред во АБА-лигата, каде ќе се соочат со вечниот ривал Партизан, кој пак со 2-1 го елиминираше Будуќност. Првиот финален натпревар се игра веќе во петок на кој домаќин е Звезда.