Црно-бела љубов: Навивачите му донираа на Партизан речиси два милиони евра!
Партизан започна акција за донација од страна на навивачите за клубот под мотото „Еден Партизан имаме“ и во едномесечната акција за донации, црно-белите собраа точно 1,62 милиони евра односно 196,3 милиони динари. Партизан имаше седум милиони евра долг за данок кон државата и сега за повеќе од четвртина тој долг ќе се намали, а раководството најави дека после тоа ќе се оди остатокот преку репрограмирање на долгот да се врати на рати и комплетно да се исчистат долговите на црно белите.
Секој навивач кој донирал за Партизан ќе добие членска карта и маичка со потписи од сите кошаркари. Партизан сезонава постави еден куп рекорди од 300.000 навивачи во сезона, најпосетените мечеви во Евролигата беа средбите во „Штарк Арена“, а раководството на клубот се пофали дека речиси сите навивачи купуваат влезници и тоа е огромен прихот во сезоната за српскиот гигант.
Српскиот гигант утре против Цедевита Олимпија од 19.30 часот ја почнува полуфиналната серија во АБА-лигата за пласман во финалето и борбата за пехарот, каде веќе Ц. Звезда има обезбеден пласман по две преубедливи победи во првото полуфинале со Будуќност.