Чесите ја демолираа Грција за место на ОИ во Токио

Кошаркарската репрезентација на Чешка обезбеди олимписка виза за Токио откако синоќа во финалето на квалификацискиот турнир славеше против Грција со 97-72.

Чесите до првиот пласман на Олимписките игри (ОИ) ги предводеше Патрик Ауд со 20 поени, додека Јан Весели имаше 16 поени, девет скокови и пет асистенции.

Во поразениот тим најдобар беше Јоргос Папајанис со 14 поени, но тоа не ѝ беше доволно на Грција да се спаси од убедлив пораз.

Чешка на ОИ во Токио ќе се натпреварува во групата А, каде што се уште и репрезентациите на САД, Франција и Иран.

Во групата Б се Австрија, Германија, Италија и Нигерија, додека во групата Ц се Аргентина, Јапонија, Шпанија и Словенија.