Богдановиќ: Дојдовме по медал, но во последните два дена се случија некои работи!

Иако на самиот старт на првенството ветуваше многу, сепак селекцијата на Србија не успеа да се пласира меѓу најдобрите четири репрезентации на Светското првенство во Кина.   

Србија повторно одигра слаб натпревар во сите елементи против Аргентина, а Богдан Богдановиќ повторно немаше соодветна поддршка од своите сонародници, што на крајот доведе до уште еден неуспех, втор во последните два дена.  

Тежок пораз... Тешко е да се зборува после поразот. Секој може да зборува сега се, зошто изгубивме. Поразот дојде во погрешно време. Штета. Беше добра атмосфера, но во текот на два дена излегоа некои работи што не вознемирија малку и не тргнаа од колосек. Ние сме професионалци, моравме да реагираме подобро и да го одиграме натпреварот. Тоа е крај на борбата за медал, по кој дојдовме. Што е - тоа е. Се случува и на најдобрите... Треба да бидеме горди на направеното изјави разочарано Богдановиќ.