Кошаркарките на Белгија за првпат ќе играат полуфинале на Олимписките игри
Белгиските кошаркарки денеска беа подобри од Шпанија и така се пласираа во борбата за медал. Натпреварот беше решен во втората четвртина која Белгијките ја добија со убедливи 22-11. Во овој натпревар заврши и одличната низа на Ема Месеман која шест натпревари по ред постигнуваше над 20 поени.,
Најдобрата кошаркарка на Белгија постигна 19 поени, колку што имаше и Лискенс, сепак секако за Белгија најважно е што ќе играат полуфинале. Густафсон уфрли 21 поен за Шпанија, Казорла додаде 13.
Во полуфиналето Белгија ќе игра против Германија или Франција.