
Aмериканците покажаа моќ, Србија прегазена во Абу Даби
Србија во овој натпревар парираше само во првата четвртина во која имаше и предност, а на крајот на семафорот стоеше изедначен резултат (28:28).
Некаде од средината на втората четвртина САД започна да ја зголемува разликата и да го трасира патот кон победата. Овој период заврши и со највисоката предност на кошаркарите на САД до тој момент од 14 поени. (59:45).
Во второто полувреме Србија беше далеку од некакво враќање во играта и избраниците на Стив Кер сигурно ја одржуваа предноста која во финишот одеше и до над 30 поени, на крајот таа изнесуваше 25 поени разлика.
За Србија ова е втор пораз во Абу Даби откако претходно беа поразени и од селекцијата на Австралија.