Вистински Балканец: Лука Дончиќ со ептен сочна пцовка го „почести“ судијата (ВИДЕО)

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ на синоќешниот меч на неговиот Далас маверикс против Портланд трејлблејзерс (111-102) покажа емоции какви што во НБА најчесто се гледаат од балканските кошаркари, па после една лоша одлука го „почести“ судијата со – ептен сочна пцовка.

Чудото од дете на кое му се одушевуваат сите во САД во второто полувреме беше жртва на глума на Мекалум, кој изнуди сомнителен прекршок, што ги „запали“ нервите кај Дончиќ, кој потоа го опци судијата на јазик кој тој сигурно не го разбира, а што убаво се виде во телевизискиот пренос.