Вилијамс сподели интересна приказна за Брајант по еден дебакл на Лејкерс

Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Лу Вилијамс своевремено го носеше дресот на градскиот ривал Лејкерс.

Тој беше дел од тимот заедно со Коби Брајант, а по смртта на легендата сподели неверојатна приказна зa неговиот победнички менталитет.

„Гостувавме во Портланд и загубивме со огромна разлика. Коби се налути и во соблекувалната им ги зема на сите патиките со неговото име. Ни рече, 'не заслужувате да ги носите моите патики, премногу сте меки'“, рече Вилијамс.

 Ѕвездата на Клиперс само уште еднаш го потврди она што сите го знаеја, дека Брајант беше роден победник и најмногу од сè сакаше да победува и да биде најдобар.