Вилијамс го „украде“ шоуто - Оклахома на милиметри од титулата (ВИДЕО)

Оклахома Сити Тандер има водство од 3-2 во финалната серија од НБА лигата откако утринава на домашен терен ја совлада Индијана со 120-109.

Со тоа дојде на чекор од првата шампионска титула откако франшизата премина од Сиетл во Оклахома и прва по 1979 година. Првата меч-топка ќе ја има во Индијанаполис каде домаќинот ќе се обиде да се избори седми натпревар и да си ги продолжи шансите за историски трофеј.

Шеј Гилџес Александер ја заврши својата работа и постигна 31 поен и 10 асистенции, но остана во сенка на Џејлен Вилијамс кој ја истакна својата кандидатура за МВП на финалето. Постигна 40 поени, шест скока и четири асистенции и благодарение на неговата игра Оклахома постојано беше во водство. Највисокото изнесуваше 18 поени, Индијана во последната четвртина успеа да се доближи на само два негатива, но не го повтори успехот од првиот натпревар кога направи брејк. Гостинските кошаркари подоцна направија низа грешки, Оклахома го искористи да постигне седум поени во низа, поведе со 13 разлика и го реши прашањето околу победникот.

Огромен проблем за Индијана беше повредата на Тајрис Халибартон чиј настап беше неизвесен поради повреда на листот. Тој, сепак, играше, на теренот помина 34 поени, но постигна само четири поени, сите од линијата за слободни фрлања со шут од иигра 0/6, а додаде седум скока и шест асистенции. Најефикасен кај Индијана беше Сијакам со 28 поени.

Шестиот меч од серијата се игра в петок, во 2:30 часот наутро во Индијанаполис. Ако Оклахома слави, тоа ќе биде крај на серијата и воопшто на сезоната.

фото: EPA Photo