Вестбрук доби дрес со рекордната бројка и веднаш го направи – невалиден (ВИДЕО)

Феноменалниот Расел Вестбрук беше во центарот на вниманието на мечот на Вашингтон визардс против Кливленд кавалирс (120-105), со оглед што пред почетокот доби дрес со бројката 182 во знак на рекордната бројка трипл-дабл ефекти со која се вивна на врвот од вечната листа надминувајќи го легендарниот Оскар Робертсон.

Бекот на „волшебниците“ во знал на благодарност дозволи дресот да биде „валиден“ само нецели три часа, додека не заврши натпреварот, со оглед што оствари уште еден трипл-дабл и ја зголеми вкупната бројка која во моментов е недостижна за било кој друг кошаркар во НБА. Вестбрук средбата против „коњаниците“ ја заврши со 21 поен, 17 асистенции и 12 скока со што порача дека нема намера да запре и дека со сите сили ќе атакува да ја надмина границата од 200 вакви фантастични учиноци во најсилната лига во светот.

Вашингтон си обезбеди настап во баражот за плејоф односно во т.н. плејин и веројатно ќе игра против Бостон селтикс за да се пласира во првата рунда од доигрувањето за титулата.