Уште еден Србин ја победи короната: Јокиќ доби дозвола да ја доигра сезоната во НБА!

По успешната битка против коронавирусот на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, уште еден врвен српски спортист излезе како победник во борбата против болеста Ковид-19.

Станува збор за кошаркарот Никола Јокиќ, чиј втор тест на коронавирусот е негативен, што значи дека ќе може да им се приклучи на своите соиграчи од Денвер нагетс и да ја доигра НБА-сезоната во Орландо. Тој се зарази за време на престојот во Србија и тоа многу веројатно по контактите со Ѓоковиќ, со кого беа заедно на прошталниот меч на тренерот на Мега Бемакс, Дејан Милојевиќ во Белград.