
Тренерот на Бостон пред отказ зашто имал секс со - член на стручниот штаб!
Причина за отпуштањето или во најдобра варијанта за суспензијата е фактот што Американецот со нигериско потекло го прекршил кодексот на клубот. Удока е во центарот на скандал во таборот на „келтите“, откако било откриено дека имал секс со член на сопствениот стручен штаб. Името на неговата партнерка не е соопштено, но со оглед што Селтикси имаат само една жена во клупската организација јасно е дека станува збор за поранешната кошаркарка, Алисон Фистер, која работи како директорка за развој на играчите.
Удока во последните 12 години е во романтична врска со актерката Нија Лонг, со која има син.