Томпсон со седум тројки го врати Голден Стејт на победнички патеки (ВИДЕО)

Вторпат оваа недела, екипата на Голден Стејт гостуваше во Солт Лејк Сити и вторпат ја победи Јута, сега со 140-137.

Прво име на мечот беше Клеј Томпсон кој постигна 35 поени, вклучувајќи седум тројки, а додаде уште 6 скока и 2 асистенции. Пресудна беше втората четвртина во која Вориорс реализира 48 поени и на пауза замина со предност од 13 разлика. Во финишот од мечот Јута се доближи на само еден поен негатива, но не успеа да го комплетира пресвртот.

Покрај Томпсон, во гостинскиот тим се истакна и Грин со 23 поени, а Кари оствари дабл-дабл со 16 поени и 10 асистенции. На другата страна, Секстон постигна 35 поени, Џорџ 33, а Марканен 20 поени со 14 скока.

На паузата поради Ол-старот, како лидер на Западот ќе оди Минесота која синоќа славеше на гостувањето кај Портланд со 128-91 и сега има две победи повеќе од второпласираната Оклахома.

РЕЗУЛТАТИ
Мемфис - Милвоки 113-110
Јута - Голден Стејт 137-140
Портланд - Минесота 91-128