Среќа главата не ја скрши: Новинарка тресна на паркетот после интервју со НБА-ѕвезда (ВИДЕО)

Американката Кристина Пинк е една од најпознатите новинарки во НБА, најпозната по интервјуата што по мечевите ги прави со кошаркарските ѕвезди и пред сѐ МВП-јата на мечевите, ама имаше еден несреќен пад по кој за малку – главата ќе ја искршеше.

После мечот на ЛА Клиперс со Атланта, Кристина застана да го интервјуира Амир Кофи кој со 21 поен ги водеше Клиперси до победата, ама соиграчите кои го полија соговорникот со вода го направија паркетот лизгав, па само што заврши интервјуто, новинарката така се лизна и тресна, што сите останаа подзинати.

За среќа не беше ништо сериозно, иако лежеше десетина секунди пред да се соземе и да стане.