Србинот Јокиќ против сите: Никој не нѐ сака тука, но – кој ги прашува!

Ниту еден тим во историјата на НБА не го направил тоа што сега му успеа на Денвер нагетс, а тоа е да го добие првите две плејоф-серии со триумф во „мајсторката“ и тоа откако претходно беше во негатива од 1-3 во победи.

Клучен во историските успеси на составот од Колорада, секако покрај феноменалниот Џамал Мареј, беше српскиот интернационалец Никола Јокиќ, кој продолжи онаму каде што застана неговиот балкански колега Лука Дончиќ, пред сѐ во делот на рушење рекорди. Тој со синоќешниот трипл-дабл со 16 поени, 22 скока и 13 асистенции ги надмина границите во повеќе категории, со што дополнително ги збудале Американците.

„Пред мечот си помислив дека овој плејоф ќе го паметам засекогаш во животот, без разлика што ќе направиме на оваа средба. За некои играчи ова е последна година со тимотСе бориме како лавови на паркетот. Никој не мислеше дека можеме до тука, а никој не веруваше дека ќе победиме. Никој не нѐ сакаше во плеј-офот, уште помалку во финалето. Но, кој ги прашува. Сите мислеа дека веќе сме ги спакувале коферите по негативата од 1-3 во серијата. Но, зошто да се пакуваме кога не планираме никаде да одиме. Сега нѐ чека ЛА Лејкерс и може да ветам само дека повторно добро ќе се забавуваме“, изјави Јокиќ по синоќешната победа.

Големото западно финале почнува ноќта помеѓу петок и сабота по македонско време.