Смртни закани за генералниот менаџер на Далас пред првиот меч дома во пост-Дончиќ ерата

Генералниот менаџер на Далас Маверикс, Нико Херисон од минатата недела недела е еден од најомразените ликови за навивачите.

Пред седум дена тој го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс во еден од најспектакуларните трејдови во историјата на НБА лигата и оттогаш е во центарот на вниманието на американската спортска јавност. Фановите му се налутија бидејќи Дончиќ беше апсолутна суперѕвезда во тимот, а последните неколку дена тој е цел на смртни закани поради што е засилено обезбедувањето пред неговиот дом и пред арената во која игра Далас.

„Нико Херисон беше изложен на смртни закани, обезбедувањето ќе му биде засилено, а пред арената константно има протести. Херисон нема да биде на своето вообичаено место на трибините. Навивачите имаат право на незадоволство, но јасно е дека некои граници се преминати“, објавија американските медиуми.

Тензијата се случува пред вечерашниот натпревар против Хјустон, кој е прв за Далас на домашен терен по трејдот на Дончиќ.