Словенецот ја покажа и темната страна: Дончиќ од нервоза го скина дресот и тоа – среде меч (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар на Далас маверикс, Лука Дончиќ, е еден од кошаркарите кој воопшто не сака да губи, ниту да прави грешки на паркетот, па кога ќе се случи тоа на површина излегува и неговата темна страна, особено кога јавно ќе ги манифестира своите фрустрации.

Така беше и во синоќениот пораз на „телињата“ на домашен терен против ЛА Лејкерс (114-129), кога Словенецот на нецели две минути до крајот на првото полувреме промаши две слободни фрлања, па од нервоза го скина дресот и тоа среде меч. Тој ја доигра четвртина со оштетена опрема, по што во соблекувалната го замени и во второто полувреме настапи со нов дрес.

„Тој е момче кој најмногу од сѐ сака да победува. Затоа и се фрустрира кога не му оди онака како што сака, особено кога промашува слободни фрлања. Победите и поразите на површина носат разни емоции, поради што наполно го разбирам и не можам да го критикувам за потегот“, изјави тренерот на Далас, Рик Карлајл, кој беше исклучен во второто полувреме.

Словенечкото чудо од дете ја заврши средбата со 25 поени, 10 скока и седум асистенции.