
Скандалозна гестикулација на Дончиќ, може да добие - голема казна! (ВИДЕО)
Далас и Голден стејт водеа голема битка, на крајот мечот го доби актуелниот шампион со 127-125. Во самиот финиш, на 1,7 секунди до крајот, Дончиќ се обиде да даде кош и да изнуди фаул од Дрејмонд Грин. Но, не погоди. Словенецот сметаше дека е фаулиран, па кон судиите со прстите покажа гест дека се потплатени.
Овој негов потег сигурно нема да остане неказнет, прашање е само колкава и каква ќе биде казната.