Сите натпревари од НБА-лигата ќе се играат во еден град?

НБА се обидува да најде начин како да се заврши НБА-лигата и покрај големата закана од коронавирусот, а една од идеите е тимовите да бидат сместени на една локација во која ќе престојуваат и ќе играат.

Новинарот на „ЕСПН“, Брајан Виндхорс објави дека постојат неколку места за одржувања на натпреварите. Едно од нив се Бахамите, но има и некои американски колеџи во кои може да бидат сместени кошаркарите.

Тие сметаат дека со овој предлог ќе се намали шансата за ширење на вирусот, а притоа ќе може да се доигра сезоната во најсилната кошаркарска лига во светот.