„Што требаше да ги победиме со 30 разлика? Па тие се фантастичен тим“

Кошаркарите на Франција го совладаа дрим-тимот на САД со 83-76 на стартот на Олимпискиот кошаркарски турнир во Токио. 

Селекторот на Американците, Грег Попович очекувано не беше среќен и пред новинарите имаше помалку чудни одговори. Тој не се согласува дека поразот на неговиот тим е изненадување, бидејќи тоа ја омаловажува Франција.

„Кога ќе загубите натпревар тогаш не сте изненадени, туку разочарани. Не го разбирам тој збор - изненадување. Со тоа се омаловажува тимот на Франција, што требаше да ги добиеме со 30 поени разлика. Тие се пеколен тим, рече Попович.

Франција секако има одличен состав предводен од неколку НБА-ѕвезди како Руди Гобер, Никола Батум, Еван Фурние, а тука е и Нандо де Коло, кој во минатото играше во Сан Антонио под водство на Попович. Секогаш кога американските кошаркари ќе загубат натпревар тоа е изненадување, а овој тим играше лошо и во подготвителниот период, кога запиша два порази и две победи.