Шмит: Се надевам дека Дончиќ ќе го урне мојот рекорд на ЛОИ

Легендарниот Оскар Шмит се надева дека словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе успее да го урне неговиот рекорд од 55 поени постигнати на еден меч.

Шмит го постави рекордот во 1988 година кога постигна 55 поени против Шпанија, а Дончиќ беше многу блиску до неговиот рекорд на дуелот против Аргентина, но сепак Словенецот реши да одмара и намерно не го бркаше Шмит.

„Се надевам дека Дончиќ ќе го урне мојот рекорд, јас сум негов навивач“, вели Шмит.