Шекил: Симонс треба да ме научи како се заработуваат 80 милиони долари за 55 меча

Легендарниот американски кошаркар Шекил О’Нил во еден поткаст зборуваше за Бен Симонс и привлече големо внимание.

Водителот го интересираше дали Шекил би платил за да гледа некој од актуелните кошаркари во НБА-лигата.

„Би платил за Бен Симонс затоа што сакам да ме научи како можеш да заработиш 80 милиони евра, а притоа да одиграш 55 меча во три сезони“, кажа Шекил.