Се спрема „бомба“ во НБА: Леброн Џејмс со синот се сели кај Дончиќ и Ирвинг!

Леброн Џејмс и неговиот син Брони би можеле следната сезона да го носат дресот на Далас маверикс, барем ако им се верува на се погласните шпекулации во и околу НБА.

Изминатиот период главен фаворит за „вдомување“ на „Кралот“ и на неговиот наследник беше Феникс санс, но работите одеднаш добија нова насока. Џејмс неколку пати изјави дека нема да ја заврши кариерата додека не одигра барем една сезона со својот син, а тоа би можело да биде во супер-тимот со Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.

Така барем изгледа според најновата фотографија која привлече големо внимание, а која ја објави синот на Леброн. Џејмс играше со Ирвинг и со него освои титула во Кливленд, па тоа не изгледа како сосема неочекуван потег. Далас досега не се споменуваше во комбинациите, но по тренингот пред драфтот се појави информација дека „телињата“ би можеле да го изберат Брони Џејмс во доцниот втор круг.