САД со 35 поени разлика ја уништи Чешка за втор триумф во Токио

Американските кошаркари ја запишаа и втората победа на Летните олимписки игри во Токио откако денеска триумфираа против Чешка со убедливи 119-84.

Чесите ги изненадија нивните ривали на почетокот откако ја добија првата четвртина со 25-18, но до полувреме Американците направија пресврт за предност од 47-43.

САД го диктираше темпото во третата четвртина во која беа подобри со 35-17, а тоа им овозможи да имаат мирна завршница на натпреварот во која создаде водство од 35 поени разлика, односно 119-84.

Џејсон Тејтум беше најдобар на мечот со 27 поени, додека Кевин Дурант постигна 23 поени. Во екипата на Чешка најефикасен беше Шилб со 17 поени.