Реал Мадрид ќе ангажира центар од НБА-лигата

Реал Мадрид планира да го ангажира центарот на Кливленд кавалирс, Анте Жижиќ, кој пред неколку години играше фантастично во АБА-лигата во дресот на Цибона.

Жижиќ минатата сезона беше одличен, дури 25 пати беше стартер, а досега во кариерата постигнуваше во просек по шест поени и 3,9 скокови.

Сепак, центарот има 23 години и Реал Мадрид се надева дека ќе може да смета на него во следните години.